Путин се потсмева со ЕУ : Сакаат економско самоубиство, ама нивна работа си е
Европската унија, отфрлајќи ги руските енергетски извори, врши економско самоубиство, изјави Владимир Путин на состанокот посветен на ситуацијата во нафтениот сектор.
„Денес гледаме дека од апсолутно политички причини, поради сопствените амбиции и под притисок на американскиот господар, европските земји воведуваат се повеќе нови санкции на пазарите на нафта и гас. Заедно со руските енергетски ресурси, можноста за зголемување на економската активност од Европа ќе оди во други региони во светот. Но, таквото економско самоубиство е, се разбира, внатрешно прашање на европските земји“.
Претседателот на Русија одржа состанок преку видео конференција за актуелната состојба во секторот за нафта и гас.
Тој посочи дека Европа на долг рок станува регион со високи цени на енергијата. Во исто време, Западот одбива да признае дека санкциите кои штотуку беа воведени доведоа до пораст на инфлацијата и се обидува да го најде виновникот „од страна“.
Претседателот додаде дека Европа на долг рок станува регион со високи цени на енергијата.
За возврат Русија треба да се однесува прагматично и да тргне од сопствените интереси, продолжи шефот на државата.
Западните земји воведоа неколку пакети санкции кон Русија по почетокот на воената специјална операција за демилитаризација и денацификација на Украина. Европа ја разгледува можноста целосно да се откаже од руската нафта и гас, а шестата рунда санкции предвидува ембарго на нафта, но некои земји, особено Унгарија, го блокираат неговото усвојување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…