Објавено на:

Путин се сретна со мајките на војниците кои војуваат во Украина

t

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со мајките на војниците кои учествуваат во војната во Украина и им кажа дека сочувствува со нивните страдања.

На претходно снимен состанок што беше емитуван на државната телевизија, Путин им рече на мајките на војниците да не веруваат во се што гледаат на телевизија или читаат на Интернет, тврдејќи дека има многу лаги за конфликтот.

Седејќи со група мајки на маса со чај, колачи и чинии со свежи бобинки, Путин рече дека тој и целото руско раководство ја разбираат и сочувствуваат со болката на оние кои ги загубија синовите во борбите во Украина.

„Сакам да знаете дека јас лично и целото раководство на земјата ја споделуваме вашата болка. Разбираме дека ништо не може да ја замени загубата на синот, особено за мајката. Ја споделуваме вашата болка“, рече Путин.

Според „Гардијан“, Путин, наводно, рекол дека не жали што започнал специјална воена операција во Украина и ја опишал војната како „славниот момент“ во кој Москва конечно застанала против „западната хегемонија“.

Коментарите на мајките до претседателот не беа веднаш прикажани во снимениот телевизиски клип.

Руските медиуми јавуваат дека на средбата со претседателот присуствувале мајките на 17 руски војници кои учествуваат во војната, кои потекнуваат од различни региони на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…