Објавено на:

Путин со закани кон Европа: Последиците ќе бидат исклучително болни

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа нема друга алтернатива освен да продолжи да ја користи руската енергија, предупредувајќи на „исклучително болни“ економски последици доколку континентот се обиде да го прекине снабдувањето со нафта и гас.

– Едноставно нема разумна замена за Европа, рече Путин во обраќањето од својата резиденција во близина на Москва.

– Едноставно нема резервни количини на глобалниот пазар, а испораките од други земји, пред сè од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа многукратно повеќе ќе ги чинат потрошувачите.

Лидерите на земјите од ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше земјите како Германија кои се против целосна забрана на руската нафта и гас – велејќи дека имаат крв на рацете.

Сепак, Путин исто така призна дека има „проблеми со плаќањата на руските извозни енергенси“ бидејќи банките од „непријателските земји“ го одложуваат трансферот на средствата. – Како што многупати кажавме, тука најголем проблем е нарушувањето на извозната логистика, рече тој.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…

Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…

Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…

Индија од 2023 година наваму продала на…

Цените на гасот во Европа за првпат…

Цените на гасот во Европа пораснаа за…