Објавено на:

ПУТИН СПРЕМА ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО КРЕМЉ: Ќе лета Шојгу, ама и други функционери?

t

По победата на претседателските избори, по инаугурацијата во мај годинава, Путин подготвува големи политички промени во врвот на Руската Федерација, пишува „Фајненшл тајмс(ФТ)“. Минатата недела рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов беше уапсен под сомнение дека е вмешан во корупција и се соочува со повеќегодишна затворска казна.

Иванов беше познат по својот раскошен живот и долго време го толерираа во Кремљ. Како што пишува „ФТ“, апсењето на Иванов може да му ги помати сметките на актуелниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу.

– Можеа да го отпуштат (Иванов) ако сакаа само да го ослабат Шојгу. Тоа ќе покажеше дека се ослободиле од корупцијата. Наместо тоа, го уапсија Иванов во неговата канцеларија, во униформа, веднаш по состанокот на одборот на Министерството за одбрана каде тој седеше на едно место од Шојгу. Сето тоа е театар – изјави извор близок до руското Министерство за одбрана.

Иванов е највисокиот функционер уапсен од 2016 година и тоа беше сигнал за промена на статусот на Шојгу.

Од друга страна, најгласниот критичар на Шојгу беше покојниот водач на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

„Тој (Шојгу) успеа да ги преживее острите критики на Пригожин, а Путин сега мора да биде внимателен бидејќи не сака ниту една фракција во врвот на Русија да добие преголема моќ“, пишува „ФТ“.

Весникот анализира и дека поради големиот руски напредок во последно време се чини дека кабинетот на Шојгу е во подем. Но, прашање е каква ќе биде одлуката на Путин.

Пораката на покојниот Пригожин беше дека „треба да се справиш со стаорците одзади кои крадат“.

Путин мисли дека Пригожин „претерал, но мисли и дека не погрешил“…Треба да ги симнете со колче“, вели неименуван извор од Кремљ.

Во врска, пак, со уапсениот Иванов, извор од елитните кругови на Москва изјавил дека функционерот водел раскошен живот што „го направил лесна мета на Путин“:

– Екстравагантниот начин на живот на Иванов, очигледно надвор од неговите официјални можности, го направи лесна мета. Овој човек беше толку раскошен, а исто така и неговата сопруга. Путин не се грижи толку за корупцијата – потребна ви е одредена сума за да дозволите работите да се случат. Но, сè уште има граница – изјавил анонимниот извор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицајци спасија човек во Молдавија, кој…

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се…

Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат…

Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави…

ПАНИКА ВО АМЕРИКА.. Стејт департментот издаде итна…

Стејт департментот издаде итно предупредување до Американците…

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО!

Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни,…