Путин: Спремни сме да обезбедиме бесплатно жито за најсиромашните земји!
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со индонезискиот претседател Јоко Видодо ја потврдил подготвеноста на земјата бесплатно да обезбеди значително количество жито на најсиромашните земји, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
„Во контекст на поддршката на глобалната безбедност на храната, Владимир Путин ги истакна фундаменталните пристапи на Русија кон спроведувањето на договорите од Истанбул, кои се однесуваат на извозот на украинско жито од пристаништата на Црното Море и деблокирањето на руските земјоделски производи и извозот на вештачки ѓубрива на светските пазари. “, се вели во соопштението на Кремљ, пренесено од Тасс, а пренесено од Танјуг.
Се наведува дека рускиот претседател ја истакнал и подготвеноста на земјата да обезбеди значителни количини жито на најсиромашните земји како хуманитарна помош и дека индонезискиот претседател го поддржал таквиот пристап.
Путин го информирал својот индонезиски колега за ситуацијата што настана како резултат на користењето на поморскиот хуманитарен коридор од страна на Украина за саботажа против инфраструктурата и бродовите на Црноморската флота во Севастопол, како и дека руската страна продолжува да учествува во договор за извоз на жито.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…