Путин: Украина за нас е прашање на живот или смрт
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се што се случува околу Украина е прашање на живот и смрт за Русија, судбина на земјата, додека за Западот е само прашање на нивната тактичка позиција.
Во интервју за телевизијата „Русија 24“, Путин, осврнувајќи се на историскиот дел од неговото интервју со американскиот новинар Такер Карлсон, рече дека е важно руските, а уште повеќе слушателите и гледачите во странство, да разберат колку е чувствително и важно сето тоа што се случува.
„За нив (Западот) ова е подобрување на тактичката позиција. Но, за нас ова е судбина, ова е прашање на живот и смрт“ – рече Путин.
Вака тој одговори на прашање за делот од неговото неодамнешно интервју што му го дал на Карлсон, а кое го посветил на историјата, односно потеклото на руската државност.
„Сакав луѓето што ќе го слушаат да го разберат тоа. Дали успеав или не, не е мое да судам“, додаде Путин.
Тој посочи дека делот од интервјуто поврзан со историјата нема да биде лесен за западните гледачи, но тој дел е важен за во странство да разберат како размислува Русија.
Американскиот новинар Такер Карлсон на 9 февруари објави интервју со Путин, а на почетокот на интервјуто Путин зборуваше за продолжување на руската држава.
Интервјуто привлече големо внимание ширум светот, бидејќи тоа беше прво интервју на Путин со западен новинар по почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…