Путин: Ќе овозможиме непречен поморски транзит на стоки со турските партнери
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека е подготвен да го олесни непречениот извоз на жито од украинските пристаништа во координација со Турција.
Рускиот Претседател ова го изјавил во разговор со турскиот претседател Ердоган. Тој, исто така, повторил дека Русија би можела да извезува големи количини ѓубрива и храна доколку бидат укинати санкциите против Москва, соопшти Кремљ.
„За време на дискусијата за ситуацијата во Украина, акцент беше ставен на обезбедување безбедна пловидба во Црното и Азовско Море и елиминирање на заканите од мини во нивните води“, се вели во соопштението на Кремљ.
„Владимир Путин ја истакна подготвеноста на руската страна да овозможи непречен поморски транзит на стоки во координација со турските партнери. Тоа важи и за извозот на жито од украинските пристаништа“, соопшти Кремљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…