Објавено на:

Путун со инструкции поради инвазијата на Украинците во Курск: „Преземени се мерки за уништување“

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со раководството на Здружената група на сили на едно од командните места на Министерството за одбрана и ги слушна извештаите на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов и началникот на главниот Оперативната управа на Генералштабот на руските вооружени сили Сергеј Рудски за ситуацијата во регионот Курск.

„Високите офицери му известија на претседателот за контрамерките против непријателските сили кои ја нападнаа територијата на Курската област и мерките преземени за нивно уништување, како и за тековните резултати од специјалната воена операција“, соопшти прес-службата на Кремљ во соопштението, пренесува ТАСС.

Герасимов му претстави на претседателот детален извештај за ситуацијата, а Путин потоа ги издаде потребните инструкции.

Упадите на украинските вооружени сили во областа Курск започнаа на 6 август. Во регионот е на сила федерална вонредна состојба, а опасноста од ракети е прогласена неколку пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…