Пoчина Горјан Тозија

t

Почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тој на 68-годишна возраст починал од пневмонија.

Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Неговите пријатели на социјалните мрежи се опростуваат од него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од…

Известување од Универзитетската Клиника за психијатрија: Со…

Маж почина чекајќи во ред да купи…

Чекајќи во редица за да купи масло…

Почина првата сопруга на претседателот на Србија,…

Првата сопруга на претседателот на Србија, Ксенија…

Почина Ратка Бакалиноска која бугарските фашисти ја…

Почина Ратка Бакалиноска, партизанка од Битола која…

Пoчина Горјан Тозија

Почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор…