Објавено на:

Работилници за одвикнување на пушење цигари

t

По повод 31 Мај – Светски ден за борба против пушење, Центарот за семејна медицина, Медицински факултет Скопје во текот мај организираа шест работилници за одвикнување од пушење.

Како што информираат од Катедрата по семејна медицина на Медицинскиот факултет – Скопје, работилниците се поддржани од Европа Лек Фарма ДООЕЛ и Хемофарм Претставништво АД Скопје и се одржаа во Кочани, Битола, Тетово, Кичево и Скопје.

Работилниците се наменети за семејни/матични лекари и имаат за цел едукација на лекарите за практикување на многу краткиот совет во секојдневните консултации со пациентите кои пушат тутун. Многу краткиот совет, како што се наведува, трае три минути, но може да спаси животи. Светската здравствена организација (СЗО) го идентификува пушењето тутун како примарна причина за предвремена болест и смрт во развиените земји. Македонија е на четврто место во светот според преваленца на пушење која се проценува на 46 отсто кај лица постари од 16 години.

– Да им помогнеме на нашите пациенти кои пушат тутун да се откажат, за нивното здравје и за здравјето на нашата планета, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цигарите поскапеа за 10 денари, два месеци…

Дел од цигарите во Македонија веќе поскапеа…

Приведен гевгеличанец поради криумчарење на цигари и…

Ноќва во 01.20 часот на Граничен премин…

Повеќе Американци пушат марихуана отколку цигари

Новото истражување на „Галуп“ покажа дека околу…

Поради војната Германија се соочува со недостиг…

Недостигот на хартија за пакување цигари може…

Работилници за одвикнување на пушење цигари

По повод 31 Мај – Светски ден за…