Повеќе Американци пушат марихуана отколку цигари
Новото истражување на „Галуп“ покажа дека околу 16 отсто од испитаниците во САД во моментов редовно пушат марихуана, додека половина од испитаниците рекле дека ја пробале.
Кога прашањето за прв пат беше поставено во 1969 година, само четири проценти од испитаниците пробале канабис. Истовремено, 40 отсто од испитаниците изјавиле дека пушат цигари.
Меѓутоа, во следните децении бројот на пушачи постојано се намалува.
Во новото истражување, само 11 отсто рекле дека пушат – најнизок процент откако Галуп почнал да собира податоци во 1944 година. Во 1950-тите, 45 проценти биле пушачи.
Во последниве години, многу негативно мислење за цигарите преовладува и кај населението во САД. Дури 83 отсто од анкетираните сметаат дека се „многу штетни“, а 14 отсто дека се „умерено штетни“.
„Јасно е дека пушењето цигари е во опаѓање и тој тренд ќе продолжи. Тоа е најдобар показател за свесноста на јавноста за негативните ефекти од пушењето и напорите на властите да се борат против него“, вели Френк Њупорт од Галуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…