Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп почина по тешка несреќа за време на ноќната смена

t

Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп починал утрово во болница, откако се здобил со тешки повреди за време на ноќната смена. Станува збор за 54-годишниот Т.Г., кој по несреќата бил итно пренесен во прилепската болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Од компанијата соопштија дека и покрај брзата реакција и напорите на медицинскиот тим, повредите биле фатални. Раководството и вработените изразија сочувство до семејството и најблиските на починатиот колега.

Веднаш по несреќата биле известени надлежните институции, а на местото се врши увид за утврдување на околностите и причините за настанот. Од „Мермерен комбинат“ велат дека целосно соработуваат со институциите и побараа почитување на приватноста на семејството. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп почина…

Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп починал…

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните…

Во наредните две години треба да се…

Мицкоски: Половина милијарда денари годишно оделе кај…

На седницата на Собранието посветена на пратеничките…

Обвинителството бара притвор за сопственикот на „Информер“

По сослушувањето на Драган Ј. Вучичевиќ, кој…

ДРЖАВАТА ЗАСТАНА ПРОТИВ НЕЗАКОНСКИТЕ НАПЛАТИ НА БРЗИТЕ…

Над 26.000 македонски граѓани кои користеле услуги…