Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…