Работник пронајден онесвестен на работното место, починал во болница
На 28.12.2023 во 12:33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во безсознание бил донесен С.С.(44) од село Новаци, битолско, кој во 12:45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата.
Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…
Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…
Јавен апел: Сите повредени во пожарот во…
Сите повредени во пожарот кои биле на…
(Видео) Катастрофална слика во битолската болница
Гледачи на Инфомакс до нашата редакција испратија…
Прегазена 68-годишна штипјанка, со тешки повреди пренесена…
Шеесет и осумгодишна штипјанка е тешко повредена…