Работнички со нов спонзор и со нова најава за враќање на – шампионскиот сјај

t

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, екипата на Работнички, од денеска крај себе ќе има уште една моќна компанија, откако потпиша спонзорски договор со „Видеолотарија Касинос Австрија“.

Пред десетина дена центарци потпишаа договор со „Мтел“ вреден 1,4 милиони евра за период од четири години, што заедно со помошта од фирмата со која денеска потпишаа договор веќе доаѓаат до сериозна сума со која ќе се продолжи сервисирањето на огромните стари долгови, но и со кревањето на спортскиот квалитет на тимот.

„Како општествено-одговорна компанија чест ни е што може да потврдиме дека во иднина ќе бидеме дел од спонзорскиот тим на тим како Работнички. Наша цел секогаш е да ѝ вратиме на заедницата, а еден од најдобрите начини за тоа е со помош во спортот. Се надевам дека во многу скоро време сите заедно со ќе радуваме на успесите на кошаркарите на овој тим“, изјави Вики Чадиковска, директорката за маркетинг во „Видеолотарија Касинос Австрија“.

Благодарност за добиената финансиска помош изрази Горан Веселиновски, една од најголемите легенди на Работнички, кој сега ја има улогата на извршен директор на клубот.

„Добро е што сѐ уште има компании кои ја препознаваат традицијата, квалитетит и ја познаваат историјата, работи кои ги има премногу во Работнички. Благодарни сме на добиената помош, со која продолжуваме по патот на враќање на старата шампионска слава на нашиот клуб“, изјави Веселиновски.

На прес-конференцијата, на која не беа кажани деталите околу сумата која ќе ја добие клубот и должината на договорот, беше промовиран и новиот дрес на Работнички со логото на нивниот најнов помагател.

извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Им благодарам на нашите војници:“ Зеленски објави…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Дуа Липа и Рита Ора ги поддржаа…

Популарните пејачки Дуа Липа и Рита Ора…

Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога…

Властите на Босна и Херцеговина денеска објави…