Радари на МВР на секој чекор: Денеска казнети 921 возач за брзо возење
Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 921 возач.
Од нив 37 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 461 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 460 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…
Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…