Објавено на:

Радев: Блискоста меѓу граѓаните на Бугарија и Македонија е посилна од политичките поделби

t

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјави дека трагедијата во Кочани ја покажала длабоката врска меѓу граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија. Тој посочи дека стотиците доброволци кои чекаа ред за да даруваат крв во бугарските болници се доказ за човечноста и солидарноста меѓу луѓето од двете страни на границата.

„Овој чин покажува дека луѓето од двете страни на границата се исклучително блиски, а политичките манипулации нема да успеат да ги поделат. Нашата заедничка иднина е во Европската Унија и укинувањето на границите меѓу нас,“ нагласи Радев.

Претседателот упати критика кон одредени политички лидери во Северна Македонија, кои, според него, продолжуваат да водат антибугарска политика, и покрај нивните лични и економски врски со Бугарија, каков што е случајот со премиерот на Македонија.

„Се надевам дека конечно разумот ќе надвладее и самите граѓани на РСМ ќе сфатат дека раководството на државата со политиката што ја води ги лишува од безбедност, стабилност и просперитет и всушност ги оддалечува од ЕУ, вели Радев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…

Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…