Радев: Бугарија повторно ќе се солидаризира со братска Македонија

t

Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија”, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев пред делегацијата од Република Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев рече дека „и покрај политички страсти на кои сме сведоци во последните месеци, односите меѓу нашите две земји почиваат на цврста основа, која е надвор од секоја политичка конјунктура”.

-Тоа е основата на одлуките на Бугарија за безрезервна поддршка на Македонија од признавањето на државноста и независноста на земјата, преку инсистирање на превентивниот контингент на ОН при распадот на поранешна Југославија, преку обезбедување помош за време на ембаргото, преку давање воено-техничка помош, во случај на катастрофи и природни непогоди, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова ќе бара оставка од шефот на…

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…

Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова

Бугарија во недела избира претседател на избори…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…