Радев: Воена помош за Украина ќе значи ризик за вклучување на Бугарија во војната

t

Бугарскиот претседател, Румен Радев коментира дека предлог-одлуката што ГЕРБ ја достави до 48 Народно собрание за воена помош од Бугарија за Украина ќе ги зголеми ризиците од нејзино вклучување во војната.

Според Радев, војната во Украина го проширува не само просторот на воените операции, туку и формите на проширување. Радев рече дека не верува оти оние кои предлагаат Бугарија да и даде воена помош на Украина, некогаш ќе војуваат и ќе ги ризикуваат своите животи за Бугарија. Тој уште еднаш апелираше до Народното собрание на Бугарија за разум и одговорност.

– Одземањето на воените капацитети од бугарската армија во овој момент, ќе го продлабочи одбранбениот дефицит на бугарската армија да ја брани својата земја на подолг временски период, вели Радев.

Според него, ќе се совпадне со период на влошување на безбедносната средина не само на северот на Бугарија, туку и на Балканот и ги зголемува ризиците за нејзината безбедност.

Според Румен Радев, сега е време Националното собрание на Бугарија да се зафати со модернизацијата на бугарската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…