Објавено на:

Радев: Војната мора да се реши дипломатски, не со испраќање на оружје и војска во Украина

t

Мора што поскоро да се најдат дипломатски инструменти за да се стави крај на војната во Украина. Тоа нема да се направи со повеќе оружје, нема да се направи со испраќање војници од земјите членки на НАТО. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев на брифинг со медиумите по средбата со неговиот унгарски колега Тамаш Шујок, пренесе БТА.

Бугарскиот претседател на покана на неговиот колега е во официјална дводневна работна посета на Унгарија. Претходно денеска двајцата претседатели разговараа приватно.

Според Радев, крајот на војната ќе се случи со повеќе напори за изнаоѓање мирни решенија.

„Војната во Украина останува големиот предизвик и големиот ризик со кој се соочуваат нашите земји. Секој ден продолжувањето на оваа војна значи загуба не само за Русија и Украина, туку и за сите земји-членки. Секој ден од оваа војна значи се поголем ризик кон глобалната безбедност“, рече Радев и додаде: Не смееме да дозволиме да расте и во просторен опфат и во интензитет.

Тој се осврна и на темата за европскиот пат кон Западен Балкан. „Унгарија и Бугарија се еден од моторите за проширување на ЕУ, за европска интеграција на Западен Балкан“, посочи претседателот. Радев изрази надеж дека Унгарија, како претседател на Советот на ЕУ, ќе го одржи консензусот за европскиот пат на Република Македонија, постигнат до 2022 година, да се почитува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…