Објавено на:

Радев му го даде мандатот на Денков, тој веднаш го врати

t

Очекувано, Николај Денков од ПП-ДБ ја врати неисполнета папката со вториот мандат на претседателот Румен Радев, извести бугарската новинаска агенција БГНЕС.

ПП-ДБ го зеде вториот мандат и веднаш го врати неисполнет. Постапката траеше неколку секунди, Фото: БГНЕС
„Формирањето мнозинство во ова Народно собрание се покажа како невозможно. Очекувам дека ќе добиеме посилна поддршка од јавноста“, му порачал Денков на шефот на државата.

Процедурата за предавање на папката со врачениот мандат траеше неколку секунди.

Николај Денков истакна дека борбата против корупцијата не е цел сама по себе. Главните приоритети остануваат непроменети – создавање на пријатна средина за бизнисот и инвеститорите, зголемување на приходите, квалитетно образование, здравство.

„Борбата против корупцијата е главното средство за постигнување на целите. Во овој парламент, сепак, се покажа дека е невозможно да се реализираат нашите приоритети“, рече Денков, јави БГНЕС.

Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на овој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум дена ѝ наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.

Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет.

Претходно Радев му го врачи мандатот за состав на нова влада на мандатарот Росен Желјасков од коалицијата ГЕРБ-СДС, која освои најмногу гласови на последните предвремени парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром

Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…

Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…

Филипче ја обвини Владата за попречување на…

Младите имаат право на научно засновани информации…

Оружје и голема количина кокаин најдени во…

Вчера во периодот од 15:00 до 16:30…