Објавено на:

Радев му кажал на германскиот претседател: Македонија мора да ги почитува правата на нејзините граѓани

t

Евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан била главна тема на телефонскиот разговор на претседателот на Бугарија, Румен Радев и неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, соопшти Прес-службата на шефот на бугарската држава.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во разговорот Радев посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, при што нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од Република Македонија по ова прашање, пред да даде согласност за почеток на преговорите со Унијата.

Радиев ја потврдил и поддршката на Бугарија за почеток на преговарачкиот процес за членство на Албанија во ЕУ, по, како што нагласил, сериозните реформи на земјата во судството, економијата и заштитата на националните малцинства.

Во врска со војната во Украина, бугарскиот претседател дал висока оценка за дипломатските активности што ги преземаат Германија и претседателот Штајнмајер, насочени кон деескалација на конфликтот и прекин на воените дејствија.

Радев, исто така, посочил дека покрај мерките за воената и енергетската безбедност на Европа, мора да се преземат брзи активности и да се спречи криза со храната во регионите блиски до европскиот континент, како последица на прекинот на испораката на житни култури од Русија и Украина.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…