Радев му се жалел на Макрон од Македонија: Во државата се води антибугарска кампања

t

Институциите во РМ мора со резултати да докажат дека навистина се залагаат за евроинтеграции.

Ова го изјави претседателот Румен Радев на денешната средба во Брисел со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Двајцата разговараа за теми од агендата на билатералната соработка и во рамките на ЕУ.

Последната антибугарска кампања во РМ, која доведе до голем број злосторства од омраза – палење и пукање врз бугарските културни клубови, како и насилство врз македонските Бугари, покренува прашања за улогата и одговорноста на институциите во земјата, нагласил Радев.

Шефот на државата потсетил дека и Бугарија и РМ ја прифатија преговарачката рамка предложена во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, а вклучувањето на Бугарите во уставот на РМ е задолжителен чекор пред почетокот на процесот на преговори.

„Забележуваме отсуство на политичка волја за реформи и уставни измени, а наместо тоа во државата се води уште една антибугарска кампања“, посочи Румен Радев.

Двајцата претседатели го истакнаа доброто партнерство меѓу Бугарија и Франција во енергетиката, како и изгледите за негов последователен развој,пренесе Бнт Њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…