Радев најде 15.000 Бугари во Косово

t

На вчерашната средба во Приштина помеѓу бугарскиот претседател Румен Радев вчера со претседателката на Косово, Вјоса Османи во фокусот на разговорите била и бугарската заедница во Косово.

На средбата мешудругото разговарале и за можноста Бугарите во Косово да се признаат како заедница. Радев рекол дека скоро 15 илјади луѓе имаат бугарска самосвест, а во јануари годинава била поднесена петиција до Парламентот на Косово со барање тие да бидат признати како независна заедница.

Вјоса Османи ги обврзала властите во земјата да ги почитуваат сите стандарди на претстојниот попис на населението во Косово, да го направат процесот транспарентен и да ги гарантираат правата на сите малцинства.

„Бидејќи српското малцинство во моментов го бојкотира парламентот во Приштина и не учествува во гласањето на законските измени, тоа го отежнува и донесувањето на нормативни акти поврзани со статусот на малцинствата“, рече Вјоса Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…