Објавено на:

Радев на претседателот на Советот на ЕУ му ги повторил бугарските услови за кревање на ветото за Македонија

t

Интеграцијата на Република Македонија мора да биде одржлив и неповратен процес и да се надоврзува на реални резултати во исполнувањето на критериумите за членство, било во фокусот на телефонскиот разговор на бугарскиот претседател Румен Радев со претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, соопшти прес-службата на Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија истакнал дека исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, давање уставни гаранции за почитувањето на правата на македонските Бугари и зачувувањето на бугарското културно-историско наследство во Македонија, се неопходни чекори за нејзиниот пат кон обединета Европа.

Радев, како што соопшти неговиот Кабинет, „го поздравил подоброто разбирање на позицијата на Бугарија во Европската Унија и ја истакнал потребата од развивање јасни механизми и мерливи критериуми за да се земе предвид вистинскиот напредок на Македонија во процесот на европска интеграција и да се запазат демократските норми и принципи на ЕУ“.

– Бугарија е отворена за дијалог и очекува конкретни резултати, кои нема како да бидат проверени во деновите кои преостануваат до овомесечната седница на ЕУ, рекол Раде.

Радев имал телефонски разговор и со министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг, посветен на европската перспектива на Македонија. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…

САД констатираа дека Бугарија не се бори…

Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…