Радев: Очекувам и владата и пратениците да не ја заборават својата огромна одговорност
Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека ситуацијата во земјата бара политичките сили во парламентот да не дозволат противречностите меѓу нив да се исправат пред државните интереси.
Коментирајќи го развојот на политичката криза, тој истакна дека довербата во политичкиот систем во Бугарија сега ќе зависи од постапките на политичарите.
„Очекувам и владата и пратениците додека одлучуваат за сопствената политичка иднина, да не ја заборават својата голема одговорност кон граѓаните и ветувањата за справување со инфлацијата, социјалната и економската криза. Нивното однесување и дејствувањето по овие прашања не зависи само од довербата во сопствените политички формации, туку и од довербата во политичкиот систем во Бугарија во целина“, коментира шефот на државата.
Претходно денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска ја достави својата оставка, откако политичката партија Има таков народ (ИТН), на Слави Трифонов најави повлекување од владејачката коалиција во земјата.
Од партијата на Петков велат дека ќе обезбедат мнозинство.
Слави Трифонов на „Фејсбук“ напиша дека знае за пратеници од неговата партија кои ќе го поддржат Петков.
„Штотуку добив информација дека пратеници од „Има таков народ“ ќе ја напуштат нашата пратеничка група. И ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев. Најверојатно се купени со пари и позиции“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…