РАДЕВ СО УЛТИМАТУМ ДО КОСОВО: Побарал од Вјоса Османи да бидат признаени 15.000 Бугари како дел од европската перспектива на Приштина
Бугарија во јануари оваа година поднела петиција до Парламентот на Косово со барање да бидат признаени како заедница 15.000 граѓани кои, според Софија, имаат бугарска самосвест. За ова барање неодамна разговарале бугарскиот претседател Румен Радев со неговата колешка Вјоса Османи при посетата на Радев во Приштина изминатите денови, как дел од разговорите за европската перспектива на Приштина, стабилноста на Југоисточна Европа и можностите да се продлабочат односите меѓу двете земји, јавија бугарските медиуми.
Вјоса Османи ги обврзала властите во земјата да ги почитуваат сите стандарди на претстојниот попис на населението во Косово, да го направат процесот транспарентен и да ги гарантираат правата на сите малцинства. Во врска со малцинствата таа изјави:
– Бидејќи српското малцинство во моментов го бојкотира парламентот во Приштина и не учествува во гласањето на законските измени, тоа го отежнува и донесувањето на нормативни акти поврзани со статусот на малцинствата – рече Вјоса Османи.
Радев истакна дека Бугарија е меѓу главните двигатели за забрзана европска интеграција на Западен Балкан и се пофалил дека била негова идејата да поставува услови на патот на Македонија кон Европската Унија.
Вјоса Османи го истакна значајниот придонес на Бугарија во секоја фаза од создавањето на Косово – од признавањето на независноста на најмладата земја во Европа до учеството на бугарската војска во мировната мисија на НАТО (КФОР):
– Косово продолжува да се потпира на поддршката на Бугарија во следните чекори до целосното пристапување на нашата земја во Европската унија. Се надеваме дека тоа ќе биде и геостратешки приоритет за Брисел – рече Османи.
Исто така, според Османи „неволноста за прием на Косово во НАТО и ЕУ отвора можност за дестабилизација на регионот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…