Објавено на:

Радев упати честитка до Пендаровски по повод Илинден: „Заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања”

t

Бугарскиот претседател, Румен Радев упати честитка до претседателот Стево Пендаровски по повод државниот празник на Република Македонија Илинден – Денот на Републиката. Ова го соопшти прес-службата на претседателот.

Бугарскиот претседател во честитката забележува дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание – „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Македонија“. Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани, посочува Радев.

„Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите“, посочува Румен Радев.

Шефот на државата ја изразува поддршката на Бугарија за напорите на Република Македонија за целосно спроведување на критериумите за членство, како и за сите преземени обврски и постигнати договори на патот на земјата кон ЕУ.

Румен Радев во честитката посочува и дека контактите меѓу народите на двете земји се важен начин за градење искрени добрососедски односи. Претседателот забележува дека постигнатите договори меѓу Бугарија и Република Македонија за заедничко одбележување на настаните за нашата заедничка историја даваат одлична можност за зближување.

„Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа“, истакна и шефот на бугарската држава во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА УТРОВО ВО…

Вооружен грабеж се случил денеска претпладне во…

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: УКИМ да не ги…

Од формирањето на нашето Друштво во 2009…