Разбиена криминална организација во Грција што крадела струја и нанела штета од над девет милиони евра
Tри лица се уапсени, а уште 105 се осомничени дека се дел од криминална организација, која со специјализирани манипулации на електрични броила крадела струја во повеќе делови на Грција, при што нанела штета што надминува девет милиони евра.
Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ) за разбивање на криминалната организација „чии членови вршеле специјализирани манипулации на електрични броила на ДЕДДИЕ (во деловни објекти и домови) во регионите Атика, Македонија, Тракија, Тесалија и Пелопонез, со цел кражба на електрична енергија“.
-Досега се уапсени тројца клучни членови на организацијата, додека вкупно 105 лица се осомничени како вршители на кражби на струја. Штетата нанесена на ДЕДДИЕ надминува девет милиони евра, информираа од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…