Разбојничка кражба во Тетово! Ја нападнал вработената и ѝ украл пари
Во Тетово на ул.„29 Ноември“ синоќа во 23:05 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.М.(30) од тетовското село Џепчиште.
Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „разбојничка кражба“ во аптека на истата улица, каде што физички ја нападнал вработената и одзел пари од дневниот промет. Одземените пари, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По преземени мерки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот против О.М. ќе биде поднесена соодветна пријава
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…