Објавено на:

Разговараа Трамп и Путин

t

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, објави Вашингтон тајмс.

Трамп му се јави на Путин од неговото одморалиште на Флорида и го советувал да не го интензивира конфликтот со Украина. Според извори на Вашингтон пост, кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.

„Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина“, тврдат изворите.

Во текот на кампањата Трамп изјави дека веднаш ќе ја прекине војната во Украина, иако не прецизираше како има намера да го постигне тоа. Тој приватно предложил можност за договор кој ќе и овозможи на Русија да задржи дел од освоената територија, а во разговорот накратко го споменал и прашањето за териториите, велат изворите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…

„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…

Студентското движење во Србија успеа да го…