Разговор Вучиќ-Алиев: Србија може да купува струја од Азербејџан по поволни услови
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Азербејџан телефонски разговарал со претседателот на таа земја, Илхам Алиев, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Претседателот Вучиќ побара од претседателот Алиев помош за обезбедување доволно количество електрична енергија, а претседателот на Азербејџан одговори на тоа барање и рече дека на Србија и е одобрен меѓудржавен договор за набавка на струја од Азербејџан под поволни услови, се наведува во соопштението.
Вучиќ и Алијев се согласија дека Србија и Азербејџан за четврт век изградија добра соработка, која е надградена на ниво на стратешко партнерство.
Претседателот Вучиќ рече дека Србија е силно решена за натамошно зајакнување на односите со Азербејџан, засновани на пријателство и меѓусебно разбирање, пренесува Танјуг.
Во разговорот се разговараше за конкретни предлози за продолжување на соработката, како и за бројни актуелни прашања од значење за двете земји.
Претседателот Вучиќ го повика претседателот Алиев да ја посети Србија што е можно поскоро, со цел да се даде поттик на соработката, особено во областите како што се енергетиката и земјоделството.
Вучиќ му се заблагодари на Азербејџан за почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и посочи дека е цврсто посветена на почитувањето на меѓународното право и неповредливоста на границите на сите членки на Обединетите нации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…