Размислиле ли што може да направи турското малцинство? Претензиите на Бугарија кон Македонија ќе ѝ се вратат како бумеранг?

t

Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски вели дека бугарските претензии кон Македонија ќе ѝ се вратат на Бугарија како бумеранг.

– БУМЕРАНГ.

Многу веројатно е дека Бугарија, покренувајќи (без стварна потреба!) етнички и историски прашања, не е ни свесна што сѐ тоа неочекувано може да ѝ донесе. Најмалку мислам на вчерашното отворање на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, нешто што ѝ се случува после многу децении, туку на можните идни реакции на тамошните етнички малцинства.

Размислил ли бугарскиот естаблишмент што сѐ може да испорача турското малцинство, чиј број/процент воопшто не е мал, а кое за време на бугарскиот комунистички ражим беше безмилосно репресирано, како и македонското? Понатаму, мора да се имаат предвид интересите/барањата на ромското малцинство, како и на Помаците, исламизираните Бугари. Наедно, на бугарската држава (без и да сака) можат да ѝ се достават и многу историски вистини/факти од соседните земји/држави, за кои досега не се говореше.

Накусо, нејзините претензии кон Македонија и Македонците можат да ѝ се вратат како бумеранг. Секогаш е така кога нечии апетити ирационално се зголемуваат и бараат да се задоволат по секоја цена, напиша Цуцуловски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…

При обработени 98,99 отсто од записниците во…

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Бугарија оди во втор круг: Јотова и…

Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…