Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба, вели Камбовски

t

Судскиот совет на РСМ го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде на американската „црна листа“, но тој има право на жалба. Според претседателот на Советот Александар Камбовски, ако е незадоволен од одлуката Беџети има право на жалбена постапка.

– Секој судија којшто е разрешен има право на жалба до жалбениот совет при Врховниот суд. Тоа е посебен совет кој е составен од врховни, апелациски и основи судии, рече Камбовски.

Во врска со ослободувањето од притвор на Асмир Јахоски, случај за кој изминативе денови многу се коментираше, Камбовски посочи дека за таа судска одлука бил запознат од медиумите.

viber slika
– Тоа е судска одлука, а од она што го следев од медиумите, таму согласноста ја дало Основното јавно обвинителство. Судскиот совет нема ингеренција да се меша во секоја судска одлука, бидејќи дневно се носат илјадиници судски одлуки, рече првиот човек на Судскиот совет во одговорот на новинарско прашање по паузата на денешната седница на Судски совет на РСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…