Разрешен претседателот на црногорското Собрание

t

Пратениците на Собранието во Црна Гора вечерва го разрешиле досегашниот претседател Алекса Бечиќ. За смена на Бечиќ гласале 43 пратеници – пратеници од коалицијата „Црно на бело“ и опозицијата. Против биле Демократите, Демос, ДФ, ПЗП, СНП, Права Црна Гора, Обединета Црна Гора и Работничката партија. Бечиќ на прозивката изјавил дека нема да гласа. Пратеникот на ДПС Миодраг Вуковиќ не бил во салата за време на гласањето.

Бечиќ беше избран за спикер на 23 септември 2020 година. Тогаш за негово именување гласаа 45 пратеници, еден пратеник беше против, додека 25 ливчиња останаа празни.

До изборот на новиот претседател на чело на парламентот ќе биде потпретседателот на Собранието Страхиња Булајиќ од Демократскиот фронт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Заврши одморот за пратениците

Со одржувањето на денешната Работна сесија на…