Раиси: Америка практично влезе во војна во корист на Израел
Газа стана најголемиот затвор во светот поради блокадата на која беше подложена, а милиони демонстранти ширум светот потврдуваат дека заштитата на Палестина е „одраз на совеста на народот“, изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
„Сакаме да донесеме историско и одлучувачко решение за она што се случува на палестинската територија. Денеска се среќаваме во името на исламската нација, да му помогнеме на палестинскиот народ. Организацијата за исламска соработка е обврзана да игра соодветна улога, која го отелотворува значењето на единството и хармонијата“, рече Реиси на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во Ријад во врска со ситуацијата во Појасот Газа.
Тој ги обвини САД дека му дозволуваат на Израел да продолжи да убива цивили и да бомбардира болници, 1 посочувајќи дека Америка „практично влезе во војната во име на Израел“ на кој секој ден испраќа големи пратки оружје.
Реиси нагласи дека исламските земји се обврзани да го вооружат палестинскиот народ, а единствено трајно решение е „создавањето палестинска држава од морето до реката“.
Претседателот на Иран побара и формирање меѓународен суд за „ционистите и Американците, кои се вмешани во убиствата во Појасот Газа“.
„Се надевам дека нашата денешна средба ќе доведе до усвојување на решение во корист на палестинскиот народ и дека најважниот чекор денеска ќе биде прекин на огнот“, рече Реиси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Иран подготвува нова стратегија за напади врз…
Иран започнал да применува нова стратегија за…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…