Ракета „Сојуз“ со американски и двајца руски космонаути полета кон Меѓународната вселенска станица
Руска ракета од типот „Сојуз“ денеска е лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (МВС), со екипаж од еден американски и двајца руски космонаути.
„Стабилноста на леталото е добра, екипажот се чувствува добро“, изјави коментаторот на „НАСА“ по полетувањето што директно го пренесуваа порталите на американската и на руската вселенска агенција.
Руската ракета полета во предвидениот термин точно во 13:54 часот по Гринич од казахстанските степи.
Заедничката мисија на Американецот Френк Рубио од „НАСА“ и на Русите Сергеј Прокопиев и Дмитриј Петелиан од „Роскосмос“ претставува редок пример за соработка меѓу Москва и Вашингтон во време на мошне влошени меѓусебни односи.
Рубио е првиот американски астронаут што одлета кон МВС со руска ракета од почетокот на воената интервенција на Москва во Украина на 24 февруари. Ова е прв лет за Франко Рубио и за Дмитриј Петелин, втор за Сергеј Прокопиев.
Екипажот е предвидено да престојува шест месеци на Меѓународната вселенска станица, каде веќе се наоѓаат седум космонаути, тројца Руси, исто толку Американци и Италијанка.
Поврзувањето со рускиот сегмент на МВС се очекува по тричасовен лет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…
Почина легендарниот актер Тим Кари
Актерот Тим Кари, кој почина на 80-годишна…
Ако Моџтаба е мртов, тогаш иранската влада…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…