Ракети со поголем дострел за Украина – Бајден набрзо ќе ја донесе финалната одлука
Престедателот на САД – Џо Бајден се очекува во секој момент да ја донесе финалната одлука за испраќање ракети со долг дострел за прв пат во Украина.
Ова е голем чекор кој беше предложен од Стејт Департментот и Пентагон по неколку месечните Украински барања.
Разговорите за испраќање на Армиските Тактички Ракетни Системи со долг дострел, попознати како ATACMS се интензивираа деновиве според владини извори.
За сега нема финална одлука за испраќање на овие ракети, но веројатноста се зголемува од дена на ден.
Официјалните лица на Белата Куќа беа неодлучни за испраќање на ракетите АТАКМС земја-земја од страв да не ескалира конфликтот, особено поради можнбоста Украина да ги користи овие ракети за напади длабоко на руска територија. Оваа загриженост на Белата Куќа денес како и да не постои повеќе, бидејќи Украина покажа до сега дека не го користела Американското оружје за напади на руска територија.
Украина веќе подолго време врши напади длабоко на руска територија, но за овие напади користи оружја и дронови од домашно производство, со што ја покажа посветеноста да не користи американско оружје за напади на руска територија.
Моментално максималниот дострел на американските ракети дадени на Украина е околу 150 км, а со ракетите АТАКМС дострелот ќе достигне близу 300 км со што ќе им се овозможи на украинската војска да погодува цели на двојно поголема оддалеченост.
Трансферот на овие ракети ќе биде уште една од низата повлекувања на САД од претходно дадените изјави под притисок на официјален Киев. Администрацијата на Бајден исто така се противеше на испраќање на ХИМАРС системите, системот Патриот, тенковите Абрамс, касетната муниција и муниција со осиромашен ураниум, кои сепак на крајот Ѝ беа испратени во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…