Ракометарките вечерва ги чека првата битка со Полска за пласман на Светското првенство
Maкедонските ракометарки вечерва од 20:30 часот го игра првиот бараж натпревар против Полска во битката за пласман на Светското првенство 2025 година.
Македонија ја нема фаворитската улога против Полска и ќе излезе да се надигрува на теренот со желба да дојде до пласман на Светското првентво каде што последен пат во женска конкуренција игравме пред 18 години.
Но, Полска е репрезентација која има сериозен квалитет и на последното Европско првенство го освои деветтото место.
Исто така и традицијата е на страната на полските ракометари. Досега со нив сме играле двапати на големи турнири и во двата натпревари победила Полска. Еднаш на Светското првенство во 2007 со 33-31 и на Европското првенство од 2006 година со 35-33.
Сепак, Македонија сигурно нема да излезе со „бело знаме“ и избраничките на Кристијан Грчевски ќе се обидат да ја прекинат оваа негативна традиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…