Објавено на:

Ракометна радост: Македонија ја победи Романија

t

Македонската ракометна репрезентација одигра натпревар со моќен финиш и ја победи Романија со 30-22 во првата бараж пресметка, Филип Талески со десет постигнати голови беше најдобриот ракометар на нашата репрезентација. 

Македонија создаде одлична предност против Романија во првиот бараж натпревар, осум голови позитива би требало да бидат доволни за да ги поминеме Романците, но тие не се слаби како што кажува резултатот. Нашата репрезентација отвори одлично, имавме 5-1 и 6-2, но Романија успеа да направи свои серии, и дојде до израмнување 10-10. Сепак успеавме да се одлепиме и на одморот се замина со 16-13 за Македонија. Во вториот дел Македонија дојде и до +5, но Романија повторно се врати. Во 43. минута беше само еден гол разлика за нашата селекција, 21-20. Сепак од тој момент па до крајот на мечот ние постигнавме девет голови, а Романците само два и победивме со убедливи 30-22.   Наш најдобар ракометар на овој меч беше Филип Талески кој постигна 10 голови, Лазаров и Филип Кузмановски постигнаа по седум. Реваншот во Романија се игра во сабота. Ако ја сочуваме големата предност ќе дојдеме до последната пречка пред Светското првенство, селекцијата на Чешка.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…

Две воздушни цели биле забележани во близина…

Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…

Трилатерална средба на министрите за одбрана и…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…