Ралповски: КСС ќе протестира додека не се исполнат нашите барања

t

Од Конфедерацијата на слободни синдикати- КСС најавија дека од утре започнуваат со секојдневни протести. Маршот утре ќе започне во 16 часот од Собранието до Владата.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, вели дека ќе протестираат сѐ додека не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите со минималната плата.

„Бараме да се усогласат платите со протести со најразлични притисоци, но очигледно дека нема разбирање. Затоа од утре излегуваме на улица секој ден доколку утре до 12 часот не се случи нешто, секој ден од 16 до 17 часот се до остварување на нашите барања. Овие денови помина онака незабележително, се донесе нов Закон за административни службеници во кој што има срамно покачување од 100 до 200 денари. Јавната администрација е донесена до социјална категорија и во овој момент кога имаме огромна инфлација и зголемени животни трошоци, вработените во јавниот сектор не можат да го издржат“ изјави Ралповски за Канал 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марш на КСС и скара пред Влада:…

Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за…

КСС утре ќе бира ново раководство

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) утре на…

КСС го прекина протестот – се вршело…

Конфедерацијата на слободни синдикати го прекина најавениот…

Ралповски: КСС ќе протестира додека не се…

Од Конфедерацијата на слободни синдикати- КСС најавија…

СОНК го поддржа предупредувачкиот протест на КСС…

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС)…