Објавено на:

Рамадани: Жално е што Косово страда од недостаток на американска заштита

t

Поранешниот главен инспектор на КИА Бурим Рамадани изјавил дека е жално што Косово страда од одреден недостаток на американска заштита, пренесува Front online.
Рамадани вели дека тоа се должи на немањето добри односи меѓу Косово и САД.

„Косово би морало да изгради свои акции во заеднички стратешки пристап со САД и НАТО. Додека зборуваме за сериозни тензии на Балканот, жално е што Косово веќе трпи дел од недостатокот на американска заштита, поради немање заеднички пристап во стратешкото решавање на прашањето“, вели Рамадани.

Рамадани смета дека Косово треба да одржува безбедносни односи со САД.

„Првата директна последица беше во Советот за безбедност на ОН, каде што САД сметаа дека е невозможно да се разговара за време на состанокот без остри критики за Косово. Тоа е во согласност со постојаните предупредувања на американскиот амбасадор во Косово. Покрај дипломатските аспект, неопходно е „Косово да одржува посебен безбедносен однос со САД“, посочува тој.

Рамадани рече дека отсуството на стратешка соработка со САД ќе има последици за Косово.

„Се плашам дека по американскиот апел и барање за заеднички стратешки пристап, Косово може да биде оштетено дури и во практично безбедносно партнерство, а тоа би претставувало депресивна фаза за иднината на Косово“, рече Рамадани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Дали поранешен советник на Заев е вмешан…

Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…

Курти: Секој километар пат што нè зближува…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…