Рама: Албанија беше Северна Кореја во Европа, мора да останеме со ЕУ

t

Тој додаде дека земјата се подготвува да се приклучи на ЕУ и ги повика студентите да го унапредат европскиот дух.

– Се надевам дека пред секое понатамошно стекнато знаење, ќе го унапредите европскиот дух. Колку е лесно овој дух да биде поткопан, особено во моменти на криза. Колку е кревка слободата. Јас сум роден, израснат и живеев половина од мојот живот, изолиран од Истокот и Западот. Бевме Северна Кореја во центарот на Европа. Европа беше соѕвездие, црно-бел сон, истакна Рама.

Тој нагласи дека Албанија и во 1989 година била подеднакво изолирана и од Западот и од Истокот.

– Другите ги отворија границите, ние останавме во нашите бункери. Транзицијата што дојде беше хаотична, па дури и трагична. Демократијата, институциите, владеењето на правото бараат децении. ЕУ не е само унија на економии, туку најсофистицирана машина за трансфер на знаење. Мора да останеме со ЕУ. Не се откажавме, посочи албанскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…