Објавено на:

Рама: Албанија вложи четири милиони евра во концертот на Канје Вест

t

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека неговата земја вложила четири милиони евра во концертот на американскиот рапер Канје Вест, чии настапи ова лето беа забранети во неколку европски земји бидејќи тој го велича нацистичкиот лидер од Втората светска војна, Адолф Хитлер.

Концертот на Вест ќе се одржи во сабота, во близина на Тирана, јавува Ројтерс.

„Во последен момент издвоивме четири милиони евра за да избегнеме срамота за Албанија пред очите на речиси 25.000 странски посетители од 80 земји, кои веќе купија билети за да го видат Вест, додека многумина стравуваат дека настапот би можел да биде откажан“, рече Рама.

Тој изјави дека се очекува концертот да ѝ донесе на Албанија најмалку 100 милиони евра.

Рама веќе повеќе од еден месец се соочува со улични протести во Тирана, предизвикани од плановите на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да изгради луксузно одморалиште на албанскиот брег.

Демонстрантите протестираат и против други проекти во близина на заштитени подрачја и бараат оставка од Рама поради корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…