Рама бара итен состанок со Вучиќ и Курти за состојбите во Косово
Албанскиот премиер Еди Рама утре во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
Рама и Мишел ќе разговараат и за ситуацијата на Косово, како и за потребата од средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со присуство на креаторите на француско-германскиот план, јавија приштинските медиуми.
Последниве недели Рама беше поактивен во ситуацијата во Косово, а неодамна тој го испрати својот предлог предлог за Заедницата на српските општини до францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, што беше критикуван од приштинските политичари и привремените власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…