Рама: Бугарија може лесно да ја нападне Македонија, Хрватска-Србија, Србија-Косово…
Албанскиот премиер, Еди Рама во својот говор за време на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, ја спореди Бугарија со Русија,пренесе БГНЕС.
„Бугарија лесно може да ја нападне Македонија како што Русија – Украина, Хрватска лесно ќе ја нападне Србија, Србија – Косово и Босна може да се нападне самата себе“, изјави тој.
„Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ, се прашувам: кој кого треба да напаѓа во овој панел за побрзо да влезе во Европската унија, како што направи Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Македонија без сомнение, Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може да се нападне без проблеми, ние, Албанија, можеме да бараме од Грците да не нападнат и тие со задоволство ќе го направат тоа, Црна Гора може само да лежи на плажа. И така ќе бидеме подготвени да влеземе заедно со Украина“, рече Рама.
„Мислам дека е подобро да се зборува за нормализација во секој случај, бидејќи ризикуваме сите во просторијата да бидат ненормални“, заклучи Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз…
Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…
Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…
Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…
Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…
Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…