Објавено на:

Рама: Време е да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ

t

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека е време да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ и повтори дека Албанија и Република Македонија „се заложници на Бугарија“. Ова го изјави премиерот во телефонско интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Рама рече дека му е „жал“ за Европската унија и дека не е разочаран.

„Тоа беше лош ден за Унијата“, рече тој, „бидејќи се покажа невозможно да се ослободат Албанија и Македонија, заложници на само една земја од ЕУ, Бугарија, која, како и ние, е членка на НАТО“, нагласи тој и додаде дека другите 26 земји-членки во исто време изгледале беспомошни, при тоа со „војна на нивниот праг“.

Запрашан зошто ги држат како заложници, албанскиот премиер објасни дека тоа е „само поради внатрешно-политички прашања, ништо друго“.

На прашањето дали принципот на едногласност во одлучувањето во Унијата треба да се укине, Рама рече дека „сто проценти“ мисли така.

„Свесен сум дека ова е деликатно прашање за земјите-членки, кои имаат своја историја и значење“, рече албанскиот премиер, но додаде дека е дојдено време да се отстрани условот за едногласност.

Запрашан да одговори дали на Балканот му се заканува пенетрација на Русија и Кина во овој ќорсокак, Рама рече дека „нема сомнеж дека регионот е слаба точка на континентот во однос на навлегувањето на други елементи“.

Албанскиот премиер вчера го нарече „срамота“ да се блокира напредокот на Бугарија на патот на Република Македонија кон ЕУ.

„Срамота е што една земја на НАТО, Бугарија, држи во заложништво две други земји на НАТО, имено Албанија и Македонија, среде жестока војна во дворот на Европа, додека 26 други земји од ЕУ молчат на застрашувачка демонстрација на немоќ“, им рече Рама на новинарите при пристигнувањето во Брисел на состанокот на лидерите од Западен Балкан и претставници на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…

УТРЕ Е ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова…

Утре е Лазарова Сабота, еден од поголемите…