Рама им се пожали на ОН за сајбер нападите кон Албанија

t

Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието на Обединетите нации да го зголеми својот фокус на кибербезбедноста.Шефот на албанската Влада во текот на својот говор истакна дека Албанија во мирно време била нападната од Исламската Република Иран, со цел да ги парализира јавните услуги и да ги украде податоците.

Тој додаде дека Албанија како одговор ги прекинала дипломатските односи со Иран и предупреди дека таков став ќе има кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции.– Генералното собрание на ОН да се фокусира на кибербезбедноста. Во јули Албанија стана цел на масовен кибернапад. Јасната намера беше да се парализира јавниот сервис и да се украдат податоци. Продлабочената и долга истрага потврди дека нападот, со кој сакаше да се фрли на колена суверена земја, го изврши Исламската Република Иран. Ги прекинавме дипломатските односи со Иран а тоа ќе го примениме кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции, рече Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…

Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…

Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…

Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…

Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…