Рама: Никогаш не сум сакал да се мешам во политиката на Косово
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема никаква позиција во косовската политика и никогаш не сакал да се меша во внатрешните работи на Косово. Тој додаде дека му е „многу смешно“ кога некои косовски политичари се обидуваат да се мешаат во политичките прашања во Албанија.
Како што објави „Економија онлајн“, Рама ова го изјавил во десеттата епизода од шестата сезона на подкастот „Фљасим“, во разговор со професорот Арјан Ѓонцај.
„Немам никаква позиција таму во Косово. Никогаш не сакав да се мешам во нивните работи. Ми беше смешно кога се обидоа да се мешаат тука. Но, сега се чини дека повеќе не го прават тоа, бидејќи ја научија лекцијата. Треба да бидеме фер и да бидеме свои“, рече Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Александар Чупиќ утре треба да дојде во…
Ако не се промени нешто претседателот на…
ЕСМ конечно е во добивка од 449…
АД ЕСМ ја заврши првата половина од…
Цената на златото падна под 3.500 долари…
Цените на златото денеска се стабилизираа, откако…
Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…