Објавено на:

Рама: „Отворен Балкан“ беше „ужасна идеја“ само затоа што јас и Вучиќ стоевме зад неа

t

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”.

“Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“, објави албанската државна агенција, АТА.
Коментирајќи ја неговата соработка со српскиот претседател, Рама рекол дека Вучиќ „секогаш е тежок партнер“.

Во однос на Црна Гора, Рама, со позитивни оценки за нејзината трансформацијата.

“Црна Гора беше извонредна во начинот на кој се трансформираше, од брод поврзан со шверц до жолта подморница што сите ја сакаат. Им симнувам капа, го почитувам тоа. Тие постигнаа извонреден напредок, но само тоа не е доволно“, рече Рама во интервјуто, кое ќе биде емитувано во целост денеска.

Според Рама, на Европа денес ѝ е потребен Западен Балкан колку што на Западен Балкан ѝ е потребна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Приведени 14 лица,…

Денеска (27.09.2026) во 03:00 часот на подрачјето…

За Филипче платформата „12:05“ е вмровска шема

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со жестоки…

Денес во 14 часот протестен марш во…

Протестен марш по повод првостепената пресуда на…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…